Русија во средата соопшти дека заплената на танкерот што пловеше под руско знаме од САД во Атлантикот претставува кршење на меѓународното поморско право, а висок руски пратеник ја оцени акцијата како „отворено пиратство“, објави „Ројтерс“. Руското Министерство за транспорт информираше дека е изгубен контактот со бродот „Маринера“, откако американските поморски сили се качиле на него во близина на Исланд, во рамки на напорите на Вашингтон да ...
Американската крајбрежна стража го заплени танкерот рано утрово и продолжи да следи други бродови што се обидуваат да ја избегнат американската блокада на санкционираните танкери што пловат кон Венецуела или од неа. Повикyвајќи се на неименувани американски официјални лица, весникот пренесува дека е запленет танкерот Олина, порано Минерва М, кој веќе е под санкции од САД поради транспорт на руска нафта. Заплената може да доведе до ново, уште ...

