Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги очекува последниот домашен предизвик оваа сезона во елитното европско натпреварување – Лигата на шампиони. Во „Боро Чурлевски“ во Битола гостува францускиот гигант ПСЖ. Битолскиот тим ќе се обиде со достоинствен настап да се прости од домашната публика во елитата. Иако против себе ќе има исклучително квалитетен противник полн со ракометни ѕвезди, пелистерци ќе се обидат да одиграат храбро и да остават ...

Ракометарите на Еурофарм Пелистер одиграа нерешено, 34-34, против ПСЖ на последниот домашен меч во Лигата на шампионите. Битолчани дојдоа до реми на три секунди пред крајот на мечот со голот на Дејан Манасков, кој доби шанса да реализира преку контра. Актуелниот шампион на Македонија имаше водство од два гола предност на девет минути пред крајот, а потоа и негатива од два гола, па ремито е најреалниот исход во Битола. До крајот на групната ...