Реакцијата на звуците кај мизофонијата Мизофонијата е состојба во која одредени звуци предизвикуваат силна телесна и емоционална реакција кај луѓето. Обични звуци како џвакање, шмркање, типкање или чукање со пенкало можат да предизвикаат забрзување на срцето, напнатост на телото и бран на бес или нелагодност. Поради ова, многумина се повлекуваат од социјални ситуации, избегнуваат ручеци или јавни места, што влијае на односите, ...

Обичен момент на маса, ручек со семејството или пријателите, некој малку погласно сркнува супа. За некого тоа е безначајно, за друг симпатично, а за трети силно иритантно. Но, кај одредени луѓе ваквите звуци можат да бидат вистински „окидач“: за секунда се забрзува срцето, телото се напнува, а низ мислите поминува бран на силна нелагодност и бес. Оваа состојба има име – мизофонија. Таа се опишува како преосетливост на одредени звуци, најчесто ...