Бојан Миовски влезе од клупата во самиот финиш на шкотското „Олд Фирм“ дерби, а направи потег кој ги остави во чудење коментаторите на натпреварот и актерите на теренот. Штипјанецот се најде на терен во екстра-времето, а по само неколку секунди во игра остро стартуваше над ривал од Селтик и доби жолт картон. Оваа санкција е најбрза сезонава во Премиер лигата во Шкотска. Фановите на „полицајците“, сепак, го поздравија со овации, знаејќи го ...
Глазгов Ренџерс направи пресврт на гостувањето кај најголемиот ривал Селтик и оствари голема и важна победа во шкотската Премиер лига. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски не беше најдобро подготвен за настап поради здравствени проблеми, па доби шанса само во завршните минути, но и тоа беше доволно да добие позитивни коментари од фановите на Ренџерс. На Миовски му беа потребни од помалку од петнаесет секунди да реагира со погруб старт ...

