Утре во периодот од 15:00 до 23:00 часот, пред фабриката „Титан Усје“, ќе се одржи БЛОКАДАфест – музички протест со јасна порака дека правото на чист воздух е уставно загарантирано и не смее да биде предмет на преговарање. Под мотото дека отпорот може да биде гласен, солидарен и креативен, на настанот волонтерски ќе настапат повеќе музичари и диџеи: DJ Александар Јорданов, DJ Chvare, DJ Andrew Meller, Новиот Почеток, Хајка, Луфтханза, ...

Иницијативата „Стоп за Усје“ започна осумчасовна блокада пред цементарницата „Усје“ во Скопје. Под името „Блокадафест“, активистите го блокираат главниот влез на фабриката до 23 часот, испраќајќи порака против аерозагадувањето и, како што велат, долгогодишната негрижа на институциите. „Ова не е само блокада. Додека фабриката продолжува да загадува, ние излегуваме заедно да го блокираме загадувањето и да покажеме дека отпорот може да биде ...

Пред главниот влез на цементарницата „Титан Усје“ денеска се одржа мирен граѓански собир под мотото „Без Усје полесно се дише“. Активистите од иницијативата „Стоп за Усје“ преку креативен отпор ги упатија своите барања за итно решавање на проблемот со аерозагадувањето во Скопје, посочувајќи ја фабриката како еден од главните виновници. Музика и протест: Отпорот може да биде културен Настанот, симболично наречен „Блокадафест“, беше замислен ...