Со пет концертни вечери, од 11 до 26 ноември во Скопје ќе се одржи 27. издание на фестивалот Есенски музички свечености, во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје. Фестивалот ќе се отвори во концертната сала на Факултетот за музичка уметност (ФМУ) со концерт на студентите посветен на 60-годишнината од основањето на ФМУ. На 16 ноември во Салонот 19:19 во Културно-информативниот центар (КИЦ) ќе настапи триото „Саундскејп“ ...
На 11 ноември, во среда, во концертната сала на Факултетот за музичка уметност –Скопје, со почеток од 20 часот, ќе биде отворено 27то издание на фестивалот „Есенски музички свечености 2026“. Фестивалот, годинава ќе биде отворен со свечениот концерт „60 ГОДИНИ ФМУ СКОПЈЕ“ во изведба на студентите при Факултетот за музички уметности, а повторна изведба ќе има и на 23ти ноември, во понеделник, во 20 часот на истата локација во Скопје. Пет ...

