Синер ги освои првите три мастерс турнири во сезоната, триумфираше на Индијан Велс, Мајами и Монте Карло. Такво нешто претходно имаше направено само Новак Ѓоковиќ, пред 11 години. Денешното финале меѓу Синер и Алкараз иако траеше два сета беше неизвесно. Во првиот сет се играше тајбрејк кој го доби Синер со 7-5, во вториот Италијанецот триумфираше со 6-3. Синер ги освои првите три мастерс турнири во сезоната, триумфираше на Индијан Велс, ...

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го освои Мастерсот во Монте Карло и се врати на првото место на АТП листата. Во финалето, Синер го победи бранителот на титулата, Карлос Алкараз, со 7:6 (5), 6:3. Ова е прва титула на Јаник на земјена подлога на турнир од серијата 1.000. Во понеделник, тој ќе ја започне 67-та недела како број 1. Синер ја продолжи својата доминација на Мастерс турнирите, бидејќи ова е негова четврта последователна титула, по ...