Иако беше во игра за финале, најдобрата македонска тенисерка принудно се откажа и се предаде во мечот против Фиона Кроули од САД. Ѓорческа не успеа да ги надмине проблемите и го заврши својот пат на турнирот во Португалија. Во моментите пред Македонката да се откаже резултатот беше 1-0 во сетови за Американката, како и 3-0 во вториот сет. И покрај тоа што не стигна до финалето, за Ѓорческа ова ќе бидат нови поени кои би требало да донесат ...

Позитивната серија на најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа носи нов напредок и на ВТА рангирањето. Добриот настап на ИТФ турнирот од серијата В50 во Порто резултира со значителен скок и ново подобрување на нејзиниот рејтинг. На најновото рангирање, македонската тенисерка се наоѓа на 182. место, што значи дека направи исчекор од 12 позиции во однос на претходната седмица. Ѓорческа во новата календарска година напредува дури 23 места ...