Околу четири пати неделно требало да се земаат мостри за контрола на водата во Гостивар, ако се земат предвид двете одделни основи за контрола на квалитетот на водата: Националната програма на ИЈЗ-Центарот за јавно здравје Тетово и договорот на ЈКП „Комуналец“ со лабораторијата на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Тетово. Според Националната програма, за Гостивар е предвидена проверка на 400 мостри вода годишно. Ако примероците се земаат од 4 ...

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека инсистира јавно да биде објавен официјалниот извештај и анализата со кои се потврдува дека водата во Гостивар е безбедна за пиење. Неговата реакција следува по обвинувањата од СДСМ, како и по кривичните пријави што опозициската партија ги поднесе против министерот за здравство, директорите на Институтот и Центарот за јавно здравје, како и против директорите на Здравствениот и санитарниот инспекторат. ...

Проблемот со водата за пиење во Гостивар е резултат на децениска негрижа на локалните власти и со години биле криени извештаи за нејзината неисправност, изјави денеска претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар, Мартин Андоновски. Според Андоновски, опозицијата нема право да морализира и да политизира за состојбата, бидејќи локалните кадри и поддржаниот градоначалник не преземале мерки за решавање на проблемот. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека ...

Клековски сака транспарентност, а дневните анализи на водата во Гостивар ќе ги објави дури по два месеца, пишува во денешното соопштение на СДСМ. -Министерот за здравство Клековски самиот призна дека анализите на водата се прават секојдневно. Сега вели дека сака транспарентно да ја информира јавноста ама ќе ги објави дневните анализи за водата во Гостивар дури по два месеци. Во Гостивар, од почетокот на кризата, од моментот кога 5.000 граѓани ...