Тренерот на Силекс, Александар Васоски, во разговор со Gol.mk, изрази задоволство од победата над Струга Трим Лум на гостински терен (2-3), истакнувајќи дека неговиот тим одиграл одлично второ полувреме. Кратовчани имаа минимална негатива по првите 45 минути, но стигнаа до трите бода со маестрален пристап во вториот дел, кога ги запечатија трите бода и му нанесоа болен пораз на фаворизираниот домаќин. „Можам да кажам дека сосема заслужено ...

Тимот на Силекс во првите две кола од пролетниот дел од шампионатот, освои четири бода. И тоа на необичен начин. Киксираше дома против Башкими играјќи само 0:0, за да потоа освои три големи бодови во Струга против Трим Лум. Тренерот Александар Васоски смета дека ова е добар развој на настаните, и дека Силекс е на потребната траса. Сега во Кратово Силекс го пречекува актуелниот бранител на титулата, Шкендија. „По првото коло кога направивме ...

Кога ќе се победи Струга ТЛ и тоа на нејзин терен, и тоа во еден спектакуларен финиш со 2:3, тогаш јасно е дека тренер на колото е стратегот на Силекс, Александар Васоски. И покрај фактот дека домашните имаа водство од 1:0 и 2:1, Васоски и неговите избраници не се предадоа, веруваа во себе и успеаја на крајот да слават. Секако дека “СпортСпорт“ без двоумење го прогласи Васоски за тренер на ова 18.коло. Штета што Силекс барем за малку нема ...