Агенцијата за филм и оваа година активно учествуваше на филмскиот фестивал во Кан, каде македонската кинематографија беше претставена преку бројни професионални, промотивни и меѓународни активности. На Канскиот фестивал присуствуваа претставници на Агенцијата за филм задолжени за меѓународна соработка и промоција на македонската кинематографија, меѓу кои и директорот Сашко Мицевски, кој учествуваше како панелист на настан организиран од ...
Кинотеката на Македонија ја објави програмата за јуни 2026 година, во која се вклучени класични македонски филмови, современи остварувања и филмски омаж по повод 95 години од раѓањето на поетот Анте Поповски. Во програмата се најавени проекции на филмовите „Ах, љубов моја“ на Коле Ангеловски и „Три Ани“ на Бранко Бауер, како и повеќе филмови поврзани со творештвото на Анте Поповски. Меѓу нив е и краткиот документарен филм „Дае“ на Столе ...

