Средба со Дедо Мраз и дарување пакетчиња на децата на вработените. Прекрасен почеток на работната недела. Сите беа среќни: децата, заради настанот, родителите, заради детската среќа, но и разбудените спомени од детството, а јас заради посебната улога. Посакав 2026 година да им биде поубава од најубавата досега! Си заминаа децата, си отиде Дедо Мраз со дружината, останавме ние со убавите впечатоци и желбата пак да се видиме. Пишува на ...
Денеска во пресрет на Новага година ги посети децата на Клиниката за детски болести во Скопје и на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле. „Во детските очи видов искрена надеж за брзо оздравување, а во умните зборови решеност за победа на болеста. Убаво е чувството со пакетче в раце да разговарате со новите пријателчиња за Дедо Мраз, за игра, за учење и забава. Вреди обидот барем за момент да им одлетаат мислите надвор од ...
Во духот на обновената традиција, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова првиот ден од Новата 2026 година го помина со припадниците на Армијата во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес, придружувана од началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Сашко Лафчиски. Обраќајќи им се на новопримените професионални војници, таа истакна дека дисциплината, усогласеноста и начинот на спроведување на обуката јасно ја отсликуваат ...

