Од пред неколку години Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) донесе одлука на завршниот турнир од Купот на Македонија да учествуваат најдобрите осум прволигашки екипи по првиот дел од шампионатот. Оттука, од четврток до сабота, во Куманово, осум екипи ќе тргнат во битките за трофејот, кој од пред четири години го носи името на големата македонска кошаркарска легенда, Благоја Георгиевски Буштур. Низ историјата Работнички и на МЗТ ...
Вечерва од 19 часот стартува големото финале на Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“ во спортската сала во Куманово, а во него ќе се сретнат бранителот на трофејот МЗТ Скопје Аеродром, и домаќинот на овој турнир МКК Куманово. Аеродромци сакаат продолжение на доминацијата, може за првпат да имаат четири освоени купови по ред. Ова за нив ќе биде шесто финале по ред, а имаат шанса да го освојат и својот 14-ти трофеј во богатата ...

