Лидерите на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) денеска ја потврдија својата поддршка за праведен и траен мир за Украина заснован на меѓународното право и принципите од Хелсинки, соопшти Организацијата со седиште во Виена. Претседавачот со ОБСЕ, Игнатиус Касис, финската министерка за надворешни работи, Елина Валтонен, заедно со генералниот секретар на ОБСЕ, Феридун Синирлиоглу, претседателот на Парламентарното собрание на ...

Лидерите на Велика Британија, Франција и Германија денеска ја повторија својата „непоколеблива посветеност“ за постигнување праведен и траен мир во Украина, по состанокот на таканаречената „Коалиција на волјата“ на четвртата годишнина од војната, пренесува Агенцијата Анадолу. Во заедничка изјава, лидерите ја потврдија и улогата што алијансата ќе ја игра во обезбедувањето повеќеслојни безбедносни гаранции. Британскиот премиер Кир Стармер ...

Соединетите Американски Држави гласаа „воздржано“, а Русија „против“ резолуцијата. Пред гласањето, САД предложија резолуцијата да се гласа во два дела, тврдејќи дека некои формулации во документот може да го одвлечат вниманието од тековните преговори за мир. Украина, пак, го оцени ваквиот предлог како длабоко загрижувачки и неприфатлив На денот кога се одбележува четиригодишнина од почетокот на руската инвазија, Генералното собрание на ...

Генералното собрание на Организацијата на обединетите нации (ООН) вчеравечер усвои резолуција со која се повикува на сеопфатен и траен мир во Украина. Резолуцијата ја предложија Украина и уште 45 земји, а 107 земји гласаа „за“, вклучувајќи ги речиси сите членки на Европската унија. Македонија исто така гласаше „за“. Против резолуцијата беше Русија, додека Унгарија, Србија и САД гласаа „воздржано“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ...