По три гола во двете полувремиња беа доволни за Тиквеш да го совлада убедливо младиот состав на Шкупи кој е иден второлигаш, со 6-0. Бразилецот Лусианињо даде три гола и си ја подобри личната статистика. Чаирскиот тим кој е последен на табелата со само 1 бод и без шанси за опстанок, нема постигнато ниту еден гол на официјални мечеви во 2026 година, па на натпреварите се трудат колку што е можно да дадат посилен отпор. Кавадарчани вторпат ...

Фудбалерите на Тиквеш одиграа одличен натпревар пред својата публика во Кавадарци и со убедливи 6-0 го совладаа тимот на Шкупи, продолжувајќи ја победничката серија во домашниот шампионат. Домашниот состав тргна силно уште од самиот старт. Веќе во 5. минута Тиквеш стигна до водство, кога по центаршут на Тодоров, новото засилување Лавал со удар со глава ја затресе мрежата на гостите за 1-0. Кавадарчани продолжија со притисок, а по неколку ...