По силното невреме и обилните врнежи што го зафатија кичевскиот регион, Општина Кичево започна итна, координирана акција за справување со поплавите. Градоначалникот Александар Јовановски информираше дека сите расположливи ресурси и механизација се веќе на најкритичните точки во градот и околните населени места. Мобилизација на сите служби Во моментов, екипите на ЈКП „Комуналец“ и Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Кичево работат ...

Куќи полни со вода, поплавен и уништен мебел, расипани машини, нефункционална бела техника, блокирани возила – тоа е состојбата еден ден по поплавите во населбите во Кичево. Во Подварош околу 50 куќи, кои се во близина на Зајаска река се поплавени, а жителите ја опишуваат ужасната ноќ што ја преживеале. „Досега вакви поплави не сме виделе, се поплавивме за 10 минути“, вели жител. „За половина час се наполни со вода, стигна до еден метар, еве ...

Во Тетовскиот регион нема нови пријави за излевање на реката Вардар кај село Форино, ниту на останатите водотеци каде што во текот на вчерашниот ден беше евидентирано излевање и поплавување. На патниот правец Тетово–Попова Шапка е воведена забрана за движење на автобуси, додека за останатите патнички моторни возила е задолжителна употреба на зимска опрема, информираат од Центарот за управување со кризи. Во Битолскиот регион, преку ...