Од 21 март во „Аудиокултура“ во Скопје започнува новиот циклус џез концерти „Џезотериа“, во организација на продуцентската куќа „Трето уво“. Отворањето му припаѓа на пијанистот Гордан Спасовски, кој ќе настапи на првата концертна вечер. Програмата продолжува на 28 март со пијанистката Дуња Иванова, на 4 април со гитаристот Тони Китановски, а на 18 април ќе настапи гитаристот Георги Шарески. На 25 април сцената ќе ја преземе Оливер Јосифовски ...

Дваесет и петтото издание на OFFest ќе се одржи од 3 до 6 јуни во Скопје, со осум концерти и учество на музичари од 12 земји, а годинава фокусот ќе биде ставен на африканската музика. Директорот на Skopje Jazz Festival, Оливер Белопета, изјави дека и покрај јубилејот, фестивалот останува во рамки на постојниот концепт поради ограничен буџет и недостиг на соодветна летна сцена. Фестивалот ќе биде отворен во Национална опера и балет со настап ...