Љутков се осврна и на работата на стратегијата за поефикасна промоција на Македонија како туристичка дестинација. Лани фокусот беше ставен на градењето нови партнерства, поддршката на локалните иницијативи и на развојот на одржлив туризам – туризам што ги почитува природата, културното наследство и локалните заедници. Нашата цел е Македонија да не биде само место што се посетува туку и дестинација што остава впечаток и се памети – додаде ...
– Минатата година нашата внимание беше насочена кон зајакнување на системската поддршка за културните институции, подобрување на условите за работа и реализација на значајни капитални и програмски проекти – нагласи Љутков, посочувајќи неколку значајни проекти, како што се Плаошник, Скопско Кале, црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во манастирот Трескавец, Аквадуктот и старата џамија во Равен. Дел од нив се во завршна фаза и ќе бидат ...

