В сабота се игра дербито на Истокот меѓу Беласица и Брегалница, пресметка од 27. коло на Втората лига, дерби во кое штипјани имаат голем влог и ќе мора да ја освојат Струмица на патот кон Прва лига. Дерби кое ќе го следите во живот на М Нет телевизија. Брегалница не смее да го погреши ќе мора да ја добие Беласица и како лидер потоа да ја пречека Шкендија Арачиново во Штип и сама да решава дали следната сезона ќе игра во Прва лига. Беласица и ...
Лидерот Брегалница зависи сам од себе на патот кон директен влез во Првата лига, на четири кола до крајот „сините“ ги очекува два тешки предизвици во Струмица против Беласица и во Штип против Шкендија Арачиново, додека на останатите два натпревари Брегалница ќе оди без притисок за трите бодови. Ако Брегалница ја освои Струмица и ги освои трите бодови против Беласица тогаш веќе следното коло во Штип ќе решава против Шкендија Арачиново, каде ...
Втората македонска фудбалска лига влегува во делот од сезоната каде повеќе нема простор за поправки. Секој бод добива тежина на финале, секоја грешка може да значи губење на целата сезона. Во таков амбиент доаѓа 27. коло – рунда која со право може да се нарече „коло кое решава голема судбина“. Дербијата во Струмица и Автокоманда не се само натпревари за три бода, туку директни судири за првото место кое директно води кон Прва лига, ќе се ...

