Фудбалскиот клуб Светлост од Зрновци нема да продолжи со натпреварување во Третата македонска фудбалска лига – Исток, дознава ексклузивно Спортска Мрежа. Според нашите информации кои Спортска Мрежа прва и ексклузивно ги објавува, клубот донел одлука целосно да згасне, што значи дека малата рурална општина Зрновци од источниот дел на Македонија повторно ќе остане без сениорски фудбал. Светлост беше формиран пред околу две и пол години и веднаш ...
Како што вчера ексклузивно прва објави Спортска Мрежа за згаснувањето на фудбалскиот клуб Светлост од Зрновци, Третата македонска фудбалска лига ќе продолжи со десет екипи. Овој третолигашки регион кој требаше сезоната да ја започне со 12 екипи, сепак ја започна со една екипа помалку, откако Вардарски од Богданци по испаѓањето од Втора лига одлучи да не продолжи со натпреварување во сениорска конкуренција, па така во секое коло имаше по една ...

