Ракометарите на РК Еурофарм Пелистер одиграа храбар и зрел натпревар на гостувањето кај ГОГ во Данска, освојувајќи значаен бод по ремито 28:28 во меч исполнет со пресврти и силна борба до последната секунда. Битолчани покажаа дека можат рамноправно да се носат со квалитетен европски противник. Иако не го отворија најдобро натпреварот и дозволија домаќинот да наметне ритам во првиот дел, во второто полувреме Пелистер одигра значително поцврсто ...
По голема драма, Пелистер со бод се враќа од гостувањето кај Гог 28-28 (15-11) во меч од 12. коло во Лигата на шампиони. Македонскиот првак на крилата на искусниот Никола Митревски во вториот дел приреди неверојатен кам-бек и го заслужи овој бод, иако истиот нема да промени многу во однос на пласман во нокаут-фазата, но никогаш не се знае. Никола Митревски беше главен креатор на кам-бекот на неговиот тим, запиша 13 одбрани. Видомски имаше ...

