Цената на нафтата од типот „брент“ бележи нов силен раст за време на денешното тргување, продолжувајќи го трендот на поскапување. Во моментов, фјучерсите се движат кон границата од 107 долари по барел, што претставува зголемување од повеќе од 5 проценти во краток временски период. Овој нагол скок доаѓа само два часа по обраќањето на американскиот претседател Доналд Трамп, кој говореше за актуелниот конфликт во кој САД и Израел се вклучени ...

Спот цената за тековните физички товари на сурова нафта од типот Брент се искачи на 141,36 долари во четврток, што е највисоко ниво од финансиската криза во 2008 година, според S&P Global, кој ги следи податоците. Спот цената ја одразува побарувачката за сурова нафта од типот Брент што треба да се испорача во следните 10 до 30 дена. Високата цена за поитни испораки на нафта укажува на моментално ограничена физичка понуда поради масовните ...

Цените на нафтата во САД се стабилизираа повисоко од меѓународните цени за прв пат по речиси четири години во четврток, откако обраќањето на претседателот Доналд Трамп до нацијата не им даде јасност на инвеститорите за тоа кога ќе заврши војната со Иран и кога би можел повторно да се отвори Ормускиот теснец. Цената на фјучерсите (термински договори, заб.) на West Texas Intermediate, американскиот репер, се стабилизираше на 111,54 долари, што ...