Најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната во Првата лига за жени, Наковски волеј со 3:1 (25:18, 22:25, 25:19, 25:21) го победи актуелниот шампион Јанта Волеј во првиот полуфинален дуел од плејофот кај дамите. Слично како и во претходните меѓусебни дуели и на овој меч видовме голема борба, но константноста во играта која е одлика на девојките на Наковски сезонава одново беше клучен фактор за победата. Работнички, пак, направи брејк со ...
Одбојкарките на Фламинго Волеј, за првпат во својата историја ќе бидат прволигаши. Тимот од Скопје следната сезона ќе биде дел од елитата во женското одбојкарско првенство. Фламинго Волеј оваа сезона ја одигра перфектно и оствари 100% победи. Имено, во 26 одиграни кола, овој состав успеа да победи на буквално сите натпревари. Викендов и официјално ја освоија титулата во второлигашката конкуренција, и веќе можат да се подготвуваат за настап ...

