„…Почитувана потпретседателке на комисијата, ве молам многу коректно, овде има правилник како функционира, овде не можете да правите по ваша желба, затоа што во овој случај правото е кај мене. Треба прво да ми ги обезбедите материјалите на албански јазик, а потоа да продолжите со седницата. Во спротивно, нека видат медиумите и граѓаните, како и овие почитувани дами тука, како може да се зборува за еднаквост кога отворено се врши психолошко ...

Пратеничката од крилото на АА предводено од Зијадин Села, Илире Даути изјави дека албанскиот јазик е службен во Македонија и дека државните институции се должни да го спроведуваат Законот за употреба на јазиците. На прашањето во дебатна емисија дали албанскиот јазик е службен, пратеничката одговорила: „Дали седницата би била прекината ако албанскиот јазик не е службен? Моето барање беше категорично да ги имаме материјалите на албански јазик“. ...

Пратеничката од опозицијата Илире Даути во синоќешната емисија „Клик Плус“ го отвори прашањето за неспроведување на албанскиот јазик во Собранието. Според неа, за неговата примена имало проблеми и во претходниот мандат, но по многу напори било постигнато законите да се доставуваат на двата јазика. Сепак, според неа, ситуацијата се променила од почетокот на мандатот на оваа влада, бидејќи предлозите се испраќаат само на македонски јазик. ...