Во Струга, Бадник не е само датум пред Божиќ, туку ноќ со свој код на будност, оган и песна. Во записите на Кузман Шапкарев, бадниковите обичаи и верувања во Струга „од дамнина“ се врзуваат за обредниот оган и за горењето на дрвото наречено Бадник или Бадникојца – знак дека празникот не се доживувал како церемонија што се гледа, туку како сила што мора да се одржи живa до зори. Токму тој елемент на „непреспивање“ го објаснува и Марко Китевски ...
Струга, 6. јануари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од дамнина во Струга богатите обичаи и верувања на Бадник се поврзани со обредниот оган како и со горењето на дрвото наречено Бадник или Бадникојца, стои во записите на Кузман Шапкарев. Според Марко Китевски од Институтот за македонска литература, во Струга и струшко се зачувани до ден денес едни од најстарите бадникови и Божикни песни. Како што запишал Шапкарев „сите домашни луѓе не заспиваат туку ...

