Неговото мото со кое ја започнува предизборната трка гласи: „Од УКИМ-набљудувач до УКИМ-создавач“. Дарко Данев како професор, како поранешен студент и како човек во приватниот живот УКИМ е негов втор дом, во него ги поминал додипломските, постдипломските и докторските студии и ги искачил сите академски скалила, од асистент до редовен професор. Два пати бил избиран за декан на Машинскиот факултет, а студентите го паметат по тоа што во ...
Актуелната ректорка Билјана Ангелова и професорот на Машинскиот факултет во Скопје Дарко Данев влегоа во трка за прв човек на Универзитетот “Свети Кирил и Методиј“. Единствено тие двајца поднесоа кандидатури за ректорската позиција до крајниот рок за пријавување што истекол задсиноќа на полноќ. Во условите на огласот што беше објавен од ректорската управа, а се однесува на следниот тригодишен мандат што треба да стартува на 16 септември ...

