Уставниот суд ја прифати иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на одлуката на Советот на Општина Тетово од 2007 година, со која беа променети имињата на неколку булевари, улици и градскиот плоштад. Веста ја соопшти Даријан Сотировски, кој заедно со Сојузот на борците од НОБ Тетово, ја поднесе иницијативата во февруари минатата година. Со оваа одлука на судот се отвора пат за поништување на преименувањата со кои беа заменети ...

Наместо плоштад „Илирија“, враќање на претходното име „Маршал Тито“? Ваква можност се појавува откако Уставниот суд вчера поведе постапка за оцена на уставноста и законитоста на одлуката на општинскиот Совет на Тетово со која уште во 2007 година беше сменето името на централниот градски плоштад, но и на уште десетина булевари и улици. Сето тоа ќе биде јасно откако во блиска иднина уставните судии ќе се изјаснат поединечно дали ќе се укине или ...