Изградбата на нов Клинички центар повторно стана тема на жестока политичка пресметка меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, откако двете партии разменија обвинувања за одговорноста за нереализирањето на овој капитален здравствен проект. Од СДСМ обвинија дека актуелниот премиер Христијан Мицкоски повторно дава ветувања за нов Клинички центар, иако, според нив, токму ВМРО-ДПМНЕ во минатото ја блокирало реализацијата на проектот. Од партијата потсетија дека во ...

Новиот Клинички центар кој премиерот Христијан Мицкоски го најави деновиве ги скара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. За опозициската СДСМ овој проект е уште еден од лагите на премиерот, бидејќи како што рекоа, во време кога СДСМ ја предложи изградбата на новиот Клинички, ВМРО-ДПМНЕ ја блокираше во Собрание, а сега ветуваат изградба на нов, кој според нив има отворени прашања. „Локацијата што ја најавува е целосно несоодветна за изградба на толку голем и ...