Преговорите меѓу САД и Иран се на прагот на историски договор. Оваа информација ја пренесе Ал Џезира, која нагласува дека се забележува значителен напредок во преговорите, особено кога станува збор за нуклеарната програма на Иран и обидот за смирување на конфликтот што одзеде многу животи. Пакистанските власти тврдат дека размената на пораки меѓу Вашингтон и Техеран дала конкретни резултати, намалувајќи ги разликите што претходно ги блокираа ...
Главниот преговарач на Иран, Мохамед Багер Галибаф соопшти за напредок во преговорите со САД, но предупреди дека конечниот договор е сè уште далеку, пренесуваат агенциите. Влијателниот претседател на иранскиот Парламент, кој заедно со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс учествуваше во преговорите одржани на 11 и 12 април во Исламабад, вчера имаше телевизиско интервју. „Сè уште сме далеку од завршување на дебатите“, рече Галибаф. Тој ...

