Превалец однесе убедлива победа од 5:0 над Влазними Јуниор на домашен терен, во меч каде сите работи беа решени во првиот дел кога домаќинот имаше предност од три погодоци, во рамки на денешното 20. коло на Трета лига – Југ. Александар Јордановски го отвори резултатот по седум минути игра, а потоа стрелаа Марио Панев и Марјан Стефановски. Во второто полувреме Лука Наумов и Ѓоре Црнушев ги поставија конечните 5:0 за висок триумф на Превалец. ...
Денес нови возбудувања во Трета лига – Југ со мечевите од 21. коло, каде тимот на Превалец го доби дербито со Тополка славејќи со резултат од 1:2. Кристијан Маневски во 33. минута погоди за водство на Превалец од 0:1, но радоста траеше многу кратко бидејќи по три минути Николче Стојанов постигна гол за 1:1 на полувреме. Во вториот дел Превалец презеде иницијатива за да бара погодок за ново водство, а кое дојде во 73. минута со голот на Ѓоре ...

