Во јавноста денеска нова размена соопштенија меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во кои двете партии ги изнесуваат своите ставови за актуелните политички и економски прашања во државата, со фокус на уставните измени и барањата за референдум, европските интеграции и реформите, како и економската состојба. Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Македонија, како што наведуваат, повеќе нема да прифаќа нови отстапки без јасни и обврзувачки гаранции од Европската Унија ...
Политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со меѓусебни обвинувања околу евроинтегративниот процес на државата, уставните измени и спроведувањето на реформите потребни за напредок кон Европската Унија. Од СДСМ соопштија дека изјавите на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претставуваат потврда на нивните ставови дека уставните измени остануваат единствен услов за формално отворање на преговорите со Европската Унија. Од ...

