Пешачката патека во непосредна близина на полициската станица „Беко“ е целосно блокирана за пешаци и велосипеди, откако МВР целиот тој простор го исполнил со повеќе запленети автомобили, а според состојбата во која тие се наоѓаат, може да се претпостави дека дел од нив подолг период „одлежале“ на оваа патека. На едно од возилата е дури и кренат бришачот – општо познат потег во „сообраќајниот свет“ кога некој автомобил е лошо паркиран и ...

Веќе подолг период просторот пред влезовите на полициските станици низ главниот град, освен што се користи како паркинг за службените обележани и необележани (цивилни) полициски возила, локациите се исполнети со голем број запленети возила од разни полициски акции, кои наместо да бидат однесени во некое депо или паркинг при МВР, блокираат пешачки и велосипедски патеки низ градот. „Слободен печат“ посети неколку полициски станици во Центар, ...