На 21.12.2025 во 04:30 часот пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода У.И.У.(37) од Нигерија, (со американски пасош и лична карта) поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. При извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени пиштол „глок“, две рамки и 30 куршуми за кои не поседувал дозвола. По целосно документирање на случајот ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија. По повеќе преземени истражни дејствија во текот на вчерашниот ден, како што информира Јавното обвинителство, се обезбедија докази за основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. Против него е поведена постапка за делото „напад ...

