Во неколку училишта во Скопје и во Тетово денеска биле примени дојави за поставени експлозивни направи, но по извршените проверки било утврдено дека станува збор за лажни пријави. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека веднаш по добивањето на пријавите биле преземени соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници. „Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски ...
Осумнаесетгодишник од тетовското село Палатица е приведен под сомнение дека во повеќе наврати испраќал лажни дојави за бомби во основни и средни училишта во Тетово, соопшти полицијата. Иако по проверките било утврдено дека дојавите се лажни, наставата била прекинувана, а кај граѓаните била предизвикана вознемиреност. „На 27.02.2026 во 09:10 часот во село Палатица, Тетовско, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и ...

