Со одлука на Апелацискиот суд Гостивар, двајцата осудени директори наместо по година и половина, добија три години казна затвор, а правното лице Клиничка болница Тетово зголемена парична казна од еден милион и триста илјади денари. Судиите во повисокиот суд одлуката ја донеле на 26 ноември 2025, при што се одбиени жалбите на осудените директори Флорим Бесими и Артан Етеми, додека уважени се жалбите на Основното јавно обвинителство Тетово. ...
Апелациониот суд Гостивар преку соопштение информира дека се преиначени одлуките од Основен суд Тетово за осудените лица во судскиот процес поврзан со пожарот во тетовската модуларна болница, во кој во 2021 година животите ги загубија 14 луѓе. Со одлука на Апелационен суд, двајцата осудени директори наместо по година и половина, добија три години казна затвор, а правното лице Клиничка болница зголемена парична казна од еден милион и триста ...

