ТФТ направи уште еден голем чекор кон нова историја. Македонскиот тим е големо изненадување во плеј-офот, бидејќи во првото полуфинале во АБА2-лига славеше со 88-93 на гостински терен кај Сутјеска. Победата е апсолутно заслужена бидејќи тимот од Тафталиџе го имаше водството уште од стартот на мечот. „Сакам да им се заблагодарам на Сутјеска и на целата организација за нивното гостопримство. Што се однесува до играта – ова е фантастичен ...

Екипата на ТФТ Скопје е на добар пат да испише историја во АБА лигата, откако направи голем чекор кон финалето во АБА2. Тимот од Скопје славеше на гостувањето кај Сутјеска со 93:88 и сега го дели само една победа до пласман во финалето. Македонскиот тим доминираше во првото полувреме и стекна убедлива предност (59:41), која успеа да ја задржи до крајот и покрај обидите на домаќините за пресврт. Најефикасен во македонскиот тим бепе Виктор ...

Во вистинска кошаркарска драма, лидерот на табелата во домашниот кошаркарски шампионат, ТФТ славеше против екипата на Тиквеш со 80:74 на стартот од разигрувањето за шампионската титула. Денеска во „Градски Парк“ видовме натпревар со многу пресврти и големи падови во играта и на двата тима. ТФТ тргна како фаворит и во првите 10 минути на мечот имаше предност од три поени 17:14. Следуваше извонредниот втор период кој го одиграа гостите во кој ...