На „Бадник“, 06.01.2026 година (вторник) во градскиот соборен храм „Свети апостоли Петар и Павле“ – Кичево, со почеток од 17:00 часот, ќе се отслужи Празнична вечерна богослужба, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј и по која богослужба ќе се делат бадниковите гранчиња. Нека Бадниковата вечер биде време на благослов, љубов и заедништво за секој дом. На „Бадник“, 06.01.2026 ...
Драги наши, со многу радост, насмевки, возбудливи стихови пеејќи ја најубавата божикна песна „Вечниот Бог“ утре најмилите дечиња со ѕвезди во рачиња ќе го најават Христовото раѓање – „Божик“ низ кичевските улици. Благодарение на неуморниот наш ментор Бошко Сарафилоски и родителите кои беа ангажирани, се разбира со поддршка од кичевското свештенство и нас, и оваа година ќе допреме до срцата на сите православни христијани. Програмата за ...

