Русија ги зголеми трошоците во март во очекување на нагло зголемување на приходите од скокот на цената на нафтата предизвикан од војната на Блискиот Исток. Трошењето во март се зголеми за 44% во однос на претходната година, по зголемувањето од 16% во февруари, според пресметките на „Bloomberg“. Дефицитот изнесуваше 1,1 трилион рубли во март. Дефицитот во првиот квартал достигна 4,6 трилиони рубли (58,6 милијарди долари), надминувајќи ја целта ...
Русија во април ќе ги удвои приходите од најважниот данок на нафта на девет милијарди долари поради глобалната енергетска криза предизвикана од војната на Блискиот Исток и затворањето на клучниот Ормуски теснец, покажува денес објавена анализа на Ројтерс. Оваа прогноза претставува една од првите конкретни проценки за финансиската корист за Русија, вториот најголем светски извозник на нафта, од почетокот на конфликтот во Иран кон крајот на ...
Цените на нафтата повторно се искачија над 100 долари за барел откако енергетските пазари се отворија во Азија во среда, по разговорите меѓу САД и Иран завршија без нов договор во текот на викендот, а американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ги блокира иранските пристаништа. Глобалниот референтен бренд на суровата нафта Брент порасна за 7,3 проценти на 102,30 долари, додека суровата нафта од Западен Тексас Интермедијар порасна за ...
Цената на нафтата забележа значителен раст во раното тргување на пазарите, откако Соединетите Американски Држави соопштија дека од денеска воведуваат блокада на иранските пристаништа. Котирањето на американската сурова нафта пораснаа за осум отсто, на 104,24 долари за барел, додека нафтата од типот „брент“ поскапе за седум проценти и достигна цена од 102,29 долари. Во текот на војната со Иран, цената на нафтата „брент“ варираше драстично, ...

