Екипата на Арсими 1973 игра тежок двобој против Македонија ЃП во 20. коло на Првата македонска лига. Тимот од Чегране имаше негатива по голот на Ајдоган, но бргу успеа да израмни, и тоа со спектакуларен погодок на Армин Бесагиќ, кој доби една повратна топка и биеше со одличен удар од над 25 метри. Голманот Јанков се обиде да реагира, но ударот на Бесагиќ беше пресилен и премногу прецизен. Арсими постигна прекрасен погодок и доби мотив плус ...
Екипата на Арсими денес пред својата публика ќе се судри со Тиквеш во рамки од 21 коло од Првата македонска фудбалска лига. Интернационалецот од Босна и Херцеговина во редовите на Арсими , Армин Бесагиќ, зборува во пресрет на важниот натпревар против Тиквеш, потенцирајќи го значењето што овој дуел го има за неговата екипа во оваа фаза од шампионатот. Според Бесагиќ, тимот е максимално подготвен и свесен за тежината на бодовите што се во игра. ...

