ГРК Охрид продолжува да ја живее својата европска приказна од соништата. Со две убедливи победи над Дукла Прага (30-21 и 30-24), охриѓани изборија место меѓу осумте најдобри во ЕХФ Европскиот куп – најголем клупски успех на меѓународната сцена. Тимот на Борис Ројевиќ во Прага покажа зрелост и карактер, не дозволувајќи драматичен пресврт и рутински го потврди пласманот. Со вкупна предност од +15, „гладијаторите“ испратија силна порака дека не ...

По големата победа над чешка Дукла Прага и обезбедениот пласман во четвртфиналето на ЕХФ Европскиот Куп, ракометарите на ГРК Охрид повторно го насочуваат фокусот кон домашниот шампионат. Во рамки на 22. коло од Супер лигата, охриѓани му гостуваат на РК Пролет 62 во салата „Македонско сонце“, во последното коло пред стартот на плеј-офот. Натпреварот доаѓа во специфичен момент – веднаш по европскиот успех, но и пред завршниот дел од сезоната во ...