Од септември учениците во средното техничко училиште во Гостивар ќе имаат можност за следење практична настава во новоопремени кабинети со современа технологија и наставни средства. Новите 12 кабинети се уредени во рамки на проектот „Do Not Leave“, поддржан од Регионалниот фонд за предизвици и Германската банка за развој, во соработка со Општина Гостивар и приватни компании, со цел современи услови за практично учење и директно поврзување со ...

Во свечена атмосфера, попладнево во дворот на Средното медицинско училиште во Гостивар беше промовирана новата генерација матуранти 2022-2026, која по четири години заедничко учење, дружење и стекнување знаења заокружи едно животно поглавје. Во просторот каде што ги поминаа своите средношколски денови, матурантите уште еднаш се собраа заедно, да се потсетат на заедничките мигови, предизвиците, успесите, другарствата и спомените што ќе ги ...