Охрид, 1. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Ученици од ООМУ „Методи Патче“ од Охрид се закитија со повеќе награди на интернационалниот натпревар „Арт Ин“ кој се одржа во Кавадарци. – Никола Пуфтоски, Наум Љатко и Клара Ристески, тројцата во класата на проф. Кирил Белистојаноски освоија први награди. Антица Николоска, во класата на проф. Мухамед Бајрам освои прва награда, а највисоко признание и прва награда освои и Дарија Николоска во класа на проф. ...

Охрид, 2. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Антица Николоска, ученичка во ООМУ „Методи Патче“ во Охрид, освои III награда во дисциплина виолина на престижниот меѓународен натпревар „Тартини“, кој деновиве се одржува во Пиран, Словенија. Во силна меѓународна конкуренција и под оценување на стручно меѓународно жири кое работи според високи професионални критериуми, Антица се истакна со својата музикалност, техничка подготвеност и уметнички израз, ...

Охрид, 2. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во четврток, 4 јуни, ќе се одржи годишниот концерт на ООМУ „Методи Патче“ од Охрид. Во импресивниот амбиент на катедралната црква Св.Софија ќе настапат младите музички таленти од училиштето, дел од нив и со освоени бројни награди на натпревари и фестивали. Присутната публика ќе ужива во нивните изведби, плод на успешната работа во тековната година. Концертот е со почеток во 19:00 часот. (Крај) извор: ...

Охрид, 4. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – ООМУ „Методи Патче“ од Охрид вечерва ќе го одржи годишниот концерт. Во импресивниот амбиент на катедралната црква „Св.Софија“ ќе настапат младите музички таленти од училиштето, дел од нив и со освоени бројни награди на натпревари и фестивали. Присутната публика ќе ужива во нивните изведби, плод на успешната работа во тековната година. Концертот ќе започне во 19:00 часот. (Крај) извор: ОхридПрес фото: архива ...