Со света богослужба, светење вода и сечење на славскиот леб, денеска во црквата „Свети Јован Владимир“ во струшкото село Подгорци беше одбележан верскиот празник посветен на светецот-заштитник на храмот. На празничното чествување присуствуваа бројни верници од Подгорци и околните населени места, кои молитвено се поклонија пред светиот Јован Владимир, еден од најпочитуваните светители на овие простори. По богослужбата и црковните обреди, во ...

„100 години црква Свети Јован Владимир во село Подгорци (1924–2024)“ е насловена монографијата на отец Ристе Наумоски што беше промовирана во дворот на истоимената црква. Монографијата, според авторот, претставува значаен придонес кон историографијата на Македонската православна црква и кон проучувањето на духовното и културното наследство на Струшкиот регион. – Станува збор за илустрирана публикација од 100 страници, збогатена со околу 100 ...