Македонскиот интернационалец во редовите на босански Железничар, Матеј Цветаноски доживеа тешка повреда. Заработи скршеница на ногата на дуелот со Слога во рамките од купот, и веднаш откако беше пренесен со возилото на итната помош во болница му беше извршена операција. Шокантната вест ја загрижи босанската, но и македонската јавност, а Спортспорт откако минаа неколку дена го контактираше Цветаноски за да му посака брзо опоравување. ...

Македонскиот интернационалец од екипата на Железничар од Сараево, Матеј Цветаноски, минатата недела се здоби со тешка повреда и од теренот на стадионот Грбавица беше префрлен во болница во Сараево. Во истата болница тој денеска имаше средба со храбрата 16-годишна девојка, Ела Ј., која беше тешко повредена во трамвајска несреќа што се случи на 12 февруари во сараевската населба Маријин Двор. И Ела и Матеј се во стабилна здравствена состојба, ...