По тешката ноќ, поротивпожарните екипи успеаја да го запрат пожарот кој ги загрозуваше селата Бонче, Подмоље и Лопатица во регионот на Прилеп, додека главниот дел од пожарот во Мариовско е ставен под контрола. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информираше дека ситуацијата останува најзагрижувачка во Никуштак во Липково, каде пожарот е надвор од контрола. Во текот на денешниот ден таму се испратени ...

Пожарот во Струмичкиот регион е ставен под контрола информираат од Противпожарната единица. Во моментов гори на едно непристапно место кај Водоча. Инаку попладнево сите сили и од земја и од воздух се справуваа со огнената стихија меѓу селата Баница и Водоча и струмичката викенд населба Софилар. Спасени се куќи и викендици во населбата Софилар, а има и хоспитализирано повозрасни жители кои при гаснењето и штитејќи си ги своите домови и објекти ...