65,7 милиони евра – ова е сумата што земјава ја добива од Европската унија за сработеното од реформската агенда. Тоа е повеќе од Албанија и Црна Гора, но помалку од она што можеше да земе ако докрај се завршеше домашната задача. Според власта, државата успешно ги спроведува реформите и ги реализира клучните приоритети, во согласност со европските стандарди. Опозицијата критикува дека сме загубиле 200 милиони евра, премиерот одговори – ви ...

Европските пари што земјава треба да ги добие за исполнување на обврските од реформската агенда ќе одат во Буџетот, по што Министерството за финансии треба да ги распореди парите по ресори. Министерката за образование Весна Јаневска очекува дел од нив да добие и секторот образование, бидејќи токму исполнувањето на реформите од Министерството, добивме најмногу пари од Планот за раст во регионот. Јаневска нагласува дека потребни се средства за ...