Верниците во Пештанска парохија на Бадник, 6 Јануари (Вторник), со Бадниковата поворка, ќе го најават најголемиот дар за човештвото – раѓањето на нашиот Спасител Господ Исус Христос. Срцата исполнети со радост и љубов, детските гласови како ангелите во Пештанска парохија, со пеење на Вечниот Бог…ќе тргнеме заедно од храм Св.врачи Кузман и Дамјан ‐ Пештани во 12 ч., а од Св.пророк Илија -Елшани во 10 ч. . Нека оваа поворка биде светлина што ...

Коледе и Бадник се значајни празници во македонската традиција, поврзани со прославата на Христовото раѓање на Божиќ. Иако Коледе нема големо верско значење, тој е длабоко вкоренет во народните обичаи и се одбележува на 5 јануари, ден пред Бадник. Вечерта спроти Бадник, коледарите палат коледарски огнови, пеат песни, играат и пијат топла ракија, со цел да ги „бркаат“ злите духови од земјата. На самиот Бадник, децата одат по домовите на ...