Вчера започна Светското првенство во фудбал, кое за првпат се одржува во три земји – САД, Мексико и Канада. По тој повод „Форбс“ објави листа на најплатените фудбалери кои учестуваат на Првенството. Очекувано, најплатен е португалски фудбалер Кристијано Роналдо (41). Неговиот годишен приход во периодот од јуни 2025 до јуни 2026 година изнесувал 300 милиони долари. Од нив, 235 милиони долари се од плата и бонуси како фудбалер, а 65 милиони ...
ФИФА ја коментираше ситуацијата со пополнетоста на стадионите за Светското првенство во 2026 година. Организацијата одговори на објавите во странскиот печат во контекст на натпреварот помеѓу Јужна Кореја и Чешка (2:1) во Гвадалахара. Празните седишта беа забележливи на стадионот, иако официјалната посетеност на натпреварот беше 44.985 гледачи. „Официјалните бројки за посетеност го одразуваат бројот на скенирани билети и бројот на присутни ...
Англиската фудбалска репрезентација стана жртва на кражба непосредно пред пристигнувањето во својот камп за Светското првенство во Канзас Сити. Како што извести Би-Би-Си, провалени биле возила што ја превезувале опремата до тренинг-теренот „Swope Soccer Village". Сè уште не е познато што сѐ е украдено, но се претпоставува дека меѓу нив има топки и фудбалски копачки. Се очекува репрезентацијата, предводена од селекторот Томас Тухел, да ...

