Бројот на работници на автопатските делници кои ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка” не само што не е намален, туку е и зголемен, имаме раст на градежните активности за 40 отсто на автопатските делници, а реализацијата на капитални инвестиции на Министерството за транспорт е над 70 проценти, што претставува рекорд во историјата на државата и на ниво на Влада, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар ...
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, вели дека Јавното претпријатие за државни патишта ќе добие средства по најповолни услови од пет домашни банки за завршување на изградбата на автопатот Кичево – Охрид по прекинувањето на финансирањето од кинеската Ексим банка. Николоски рече дека според првичните пресметки, потребните 175 милиони евра се обезбедени од Комерцијална банка, Стопанска банка – Скопје, НЛБ банка, Шпаркасе ...

