Дрска, арогантна, физички турка и не дава влез, вели посетител на Куклите кај Кратово за жената која незаконски стои на портата, бара пари за влез и со тело блокира да поминете. Како што раскажува посетителот Марио Станојковски, а во коментари потврдуваат и многу други граѓани, луѓе од цела Македонија биле принудени да платат или да се вратат, зошто таа тврди дека ова природно македонско богатство и атракција се нејзин приватен имот. Куклите ...
АПЕЛ ДО СИТЕ МЕДИУМИ: Кој и по кое право наплаќа влез на Куклите кај Кратово? Станојковски „Куклите кај Кратово се природно богатство кое им припаѓа на сите нас. Јавен простор, создаден од природата, даден за сите. Денес повторно бев спречен да влезам. Дрска, арогантна, физички турка и не дава влез. Стои на портата и со тело блокира пристап до јавен простор, без никакво законско право. Ова не е прв пат. Истите луѓе, измамени повторно. ...

